-->
-->
„Денови на комедија 2016“ во Куманово
-->

Со претставата „Име“ во изведба на Театар Комедија Скопје синоќа во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ почна 19. Меѓународниот фестивал „Денови на комедија 2016“.
На манифестацијата ќе учествуваат 13 театри, девет од Македонија и четири од соседните држави, Србија, Бугарија и Косово.
Фестивалот го организира Ценарот за култура, а има ревијален карактер и ќе трае до 15-ти октомври.
- Изборот на претставите ветува дека ќе има голем интерес кај публиката и според она што го гледаме, се надеваме на иста посетеност во текот на целиот фестивал. Речиси за сите претстави билетите однапред се распродадени, изјави директорот на кумановскиот Центар за култура Сашо Костовски.
Членот на советот на фестивалот Ристо Стефановски додаде дека се избрани најдобрите комедии во продукција на македонските театари, а внимателно е правена селекција и на претставите однадвор.
- Фестивалот на комедијата идната година ќе одбележи 20 години постоење. Кумановската публика го поддржува што може да се забележи и вечерва. Присутна е на сите претстави што значи дека фестивалот си го положи испитот и стана потреба на кумановската публика, изјави Стефановски.
„Денови на комедија“ се одржува со поддршка на Министерството за култура. Кумановската публика во првата половина од октовмри ќе има можност да ја проследи комедијата „Хамлет од Горно Дупени“ во изведба на прилепскиот театар. „Границата на власта“ е комедијата на приштинскиот театар која ќе биде изведена во просториите на кумановскиот театар. Охридскиот ќе ја изведе претставата „Парламентарки“, а струмичкиот „Народен пратеник“.
Претставата „Кокошка“ ќе ја изведе битолскиот театар пред публиката на шести октомври. Наредниот ден настапува Интермецо продукција од Белград со „Сокин и Босина“, на 10 октовмри штипскиот театар ќе ја изведе преставата „Љубовен маратон“, „Хот лајн“ на театар од Крагуевац е на 12 октовмри, а наредниот ден „Еден Џексон во повеќе“ на тетатарот од Габрово, Бугарија. „Вообразениот болен“ ќе се игра во кумановскиот театар во изведба на „Трајко Прокопиев“ - албанска драма Куманово, на 14. октовмри е претставата „Комедија на грешки“ на Турскиот театар од Скопје.
Фестивалот ќе го затвори кумановскиот театар со комедијата „Бегај еве ја жена ти (Па не баш)“ во режија на Коле Ангеловски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
-

Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска
-

МВР: Синоќа изречени 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје, шест возачи лишени од слобода
-

АМСМ: На Табановце за влез и излез во земјава и на Богородица за излез се чека од 40 минути до еден час
-

Активни девет пожари, два се под контрола, а 16 се изгаснати
