Македонија
9. March 2026 - 12:22

Депонијата Буково го вклучи алармот

Депонијата Буково повторно го вклучи алармот. Со покачувањето на температурите  викендов повторно имаше пожар, пламените јазици беа видливи од голема далечина, а се ширеше и непријатна миризба. Од Збогум Буково постојано алармираа дека депонијата е како темпирана бомба со отпад која веќе нема капацитет да го издржи сето тоа.

Проблемот со депонијата Буково, е што таа постои веќе повеќе од 55 години.

До самото отварање на регионалната депонија граѓаните треба да бидат подготвени да одлагаат само мешан отпад.

Депонија Буково требаше да биде затворена уште во 2020 година, но истата се уште е во употреба, бидејќи се чека да почне со работа регионалната депонија во Новаци, каде ќе се одлага отпадот.