Дескоска очекува 2019. да биде година на реформи во правдата
– Министерката за правда Рената Дескоска по денешниот брифинг со новинарите изјави дека очекува годинава Собранието да биде посветено на реформскиот пакет закони и 2019. да биде година на реформи во правдата, бидејќи тие се и клучниот услов за евроинтеграцијата.
Говорејќи за Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Дескоска посочи дека во дел од собраниските амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ на ова законско решение има и такви со кои се бара да се тргне надлежноста на идните членови на ДКСК да вршат увид во банкарските сметки на функционерите.
– Апелирам до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да бидат свесни за значењето на Законот за спречување на корупција и да се откажат од одредени барања што ги имаат, кои треба да придонесат за намалување на значењето, улогата и надлежностите на ДКСК. Она што реално предизвикува проблем во нивните амандмани е барањето за бришење на условот за забрана за политизација на членовите, односно спречувањето одредени членови што биле политички активни во изминатиот период или биле донатори на политички партии да не бидат членови. Понатаму барањето да се тргне надлежноста за увидот во банкарските сметки на функционерите, рече министерката за правда.
Од ВМРО-ДПМНЕ поднеле амандман со кој се бара контролата на финансирањето на политичките партии да не е во надлежност на ДКСК.
– Сметам дека тоа се барања што не може да бидат удоволени. Ако бидат удоволени тоа ќе значи носење на закон што нема да биде согласно препораките на Европската комисија, што е неприфатливо за нас како Влада, рече Дескоска.
Министерката за правда посочи дека за нив е неприфатливо и барањето да се формира Национален совет за борба против корупцијата, бидејќи тоа би значело паралелизам во делувањето и работата на Антикорупциската комисија.
Говорејќи за амандманите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ова законско решение, Дескоска рече дека дел од амандманите може да бидат прифатени, но оти најголемиот дел се неприфатливи.
Министерката за правда очекува безрезервна поддршка од целиот Парламент за носење и на Законот за судови што веќе има позитивна оценка од Венецијанската комисија и, како што додаде, таа оценка укажува дека сите нивни препораки се имплементирани, како и на Законот за прекршоци со кој се намалуваат казните и глобите за граѓаните и за фирмите.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата

