Балкан
29. December 2020 - 17:02

Дете загина во земјотресот во Хрватска, стравични слики по потресот со јачина од 6.3 степени според Рихтер

Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во Петриња во потрага по затрупани луге.

Неколку лица се извлечени живи. Меѓу нив и едно дете. 

Улиците на хрватскиот град се покриени со урнатини. Голем број згради, куќи  и објекти  се целосно или делумно оштетени што ја покажува силината и разорната моќ на денешниот земјотрес кој се случи во 12 часот и 15 минути. Удри со интензитет од 6,3 степени по Рихтер.

На терен се и 300 војници.  Граѓаните се во паника.Стравуваат од нови потреси.

Во прекин се телефонските линии а на некои места ими проблеми и со електричната енергија.

Половина град е уништен се пожали градоначалникот и побара итна помош од владата.  

Разочарувачка е сликата која ја гледаме во Петриња истакнаа прмеиерот и претседателот кои веднаш по потресот пристигнаа во градот.

Оштетени се бројни згради и објекти и во Сисак, но и во Загреб.

Новиот шок за граѓаните на Сисак и Петриња  дојде само ден по серијата земјотреси. Потресот се  почуствувал  во Босна и Херцеговина, Чешка, Германија, Унгарија, Италија, Црна Гора, Романија, Словачка, Словенија, Србија и Австрија.

Ударот ја прекина седницата во словенечкиот парламент а ништо подобро не помина ниту прес конфенрецијата на новиот градоначалник на Бања Лука.

„Луѓе, ова е земјотрес, и тоа сериозен земјотрес“, вели Станивуковиќ, додека сите панично излегуваат од просторијата каде што се одржуваше прес-конеференцијата.

По земјотресот нуклеарната централа Кршко во Словенија објави дека превентивно запрела со работа. Европската унија понуди целосна поддршка и помош на граѓаните и властите на Хрватска .Помош понуди и Србија.