-->
-->
Детектор анкета: Пензионерите најмалку се плашат од економската криза
-->
Граѓаните кои се на средина од својот животен век покрај можноста да се заразат најмногу ги загрижува економската криза предизвикана од корона вирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа дури 48,6% од граѓаните меѓу 40 и 49 години велат дека покрај можноста да се заразат, најмногу се плашат од економската криза. Граѓаните кои се помлади но и постари од оваа група велат дека се нешто помалку загрижени за економијата.
Најмалку за економијата се грижат најстарите. Само 27,1% од анкетираните над 60 години велат дека економската криза е најголемиот проблем ако се исклучи можноста да се заразите со вирусот.
39,1% од младите до 29 години велат дека најмногу ги загрижува економската криза покрај здравствената. Ваков став имаат 44,8% од граѓаните меѓу 30 и 39 години и 36,6% од оние кои се на возраст од 50 до 59 години.
Анализирано според местото на живеење, најголема загриженост за економската криза има во источниот регион каде 48,2% од граѓаните велат дека покрај можноста да се заразат најмногу се плашат од економската криза. Овој процент паѓа на 45,6% во скопскиот и 43,2% во полошкиот регион.
Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март со маргина на грешка од плус-минус 3%.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350