Детектор: Четвртина од граѓаните очекуваат крај на корона кризата за еден месец – во наредните недели над една третина очекуваат влошување

Близу половина од анкетираните очекуваат кризата да заврши меѓу еден и три месеци, покажува најновото истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Една четвртина се оптимисти и крајот го очекуваат за една недела до месец дена.
Според истражувањето, 28,7% од анкетираните сметаат дека епидемијата ќе престане да се шири за еден до три месеци. 25,1% крајот го очекуваат меѓу една недела и месец дена, додека 12,2% очекуваат кризата да трае од три до шест месеци.
8,1% се оптимисти и сметаат дека вирусот ќе престане да се шири најмногу за една недела, додека 5,1% стравуваат дека вирусот ќе се шири уште повеќе од 6 месеци.
Над една третина или 37,9% од граѓаните сметаат дека кризата со корона вирусот во наредните неколку недели ќе се влоши, 31,6% очекуваат подобрување, додека според 13,5% нема да има никакви промени.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март оваа година.
Ново на Сител
-

Владата донесе мерки за стабилизирање на цените на ѓубривата и заштита на земјоделците
-

Трамп: САД се подготвени за воена акција против Иран
-

30-годишна жена физички нападната од поранешната свекрва во струшката чаршија
-

Почина новинарката Лилјана Алтипармакова
-

Група малолетници со балон полн со вода погодиле мотоциклист, кој потоа застанал и физички ги нападнал
-

Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата
-

Евростат: Дизелот во ЕУ во март поскапе речиси 20 отсто
-

Зголемен број на деца со респираторни инфекции во Куманово, дневно по околу 80 прегледи
