Детектор: ЕУ и САД не можат да ни помогнат во борбата со корупцијата
Граѓаните се прилично поделени по прашањето дали почетокот на преговорите со ЕУ ќе придонесе за поефикасно справување со корупцијата, покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според него, тенко мнозинство од 43,5% сметаат дека ќе придонесе додека 41,1% сметаат дека нема.
Мнозинството од анкетираните сметаат дека заложбите на САД за борбата против корупцијата нема да придонесат за нејзино намалување.
Ваков став делат 46% од анкетираните додека 38,7% сметаат дека заложбите на САД ќе ни донесат пониска корупција.
Најголем дел од нив се етнички Албанци. Меѓу нив дури 57,8% сметаат дека заложбите на САД за борба против корупцијата ќе придонесат за нејзино намалување што е дијаметрално спротивно од 52,1% Македонци кои сметаат дека заложбите на САД нема да ни помогнат за намалување на корупцијата.
Слични се ставовите и на прашањето дали најавената американска црна листа на функционери поврзани со корупција ќе има влијание врз нивното однесување. 43,5% од граѓаните сметаат дека влијание нема да има, додека 38,2% дека ќе има некакво влијание.
И тука анализата на анкетата според етничката структура на анкетирани покажува дека етничките Албанци во огромно мнозинство од 60,9% сметаат дека американската црна листа ќе има влијание врз функционерите додека 50,9% Македонци сметаат дека таа нема да има никакво влијание на нивното однесување.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито