Детектор: Огромна поддршка од граѓаните за мерките за справување со корона вирусот
Граѓаните даваат огромна поддршка на мерките кои надлежните ги спроведуваат за заштита од корона вирусот. 60,7% од граѓаните сметаат дека мерките се соодветни, 20% дека тие не се доволни а 12,6% дека се престроги.
Речи си сите мерки, освен полицискиот час имаат поддршка од над 90 од граѓаните. Најголема поддршка од 93,8% од анкетираните имаа мерката за забрана на јавни собири, 92,6% го поддржуваат одложувањето на изборите, 92,2% затворањето на кафулињата и рестораните. 91,6% даваат поддршка за запирањето на образовниот процес а 90.9% за затворање на границите и аеродромите.
87,6% поддржуваат казни за непочитување на задолжителната изолација а 87,2% на мерката за забрана за движење од еден во друг град. Најмала е поддршката за полицискиот час од 74,8%.
Анкетата по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1116 испитаници во периодот од 18 до 21 март оваа година
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници