Девојче родено со одвај 800 грама е вистински херој на Детска клиника
Девојче, родено со одвај 800 грама е вистински херој на одделението за Интензивна нега при Универзитетска Клиника за детски болести во Скопје. Целиот медицински персонал, точно 61 ден се борат за здравјето и животот на едно од најмалите бебиња кои во последните години било хоспитализирано на Клиниката. Станува збор за бебе од Куманово кое се родило со само 845 грама, во 25 гестациска недела. Сега има нешто повеке од 1 550 грама и се подготвува да се сретне со мама на одделението за Неонатологија.
Директорката на Клиниката, проф. Д-р Аспазија Софијанова, вели дека е особено горда на нејзините колеги, кои два месеци бдеат над бебето.
- Станува збор за бебе со многу мала родилна тежина и со многу очекувани здравствени предизвици. Ова не е најмалото бебе за кое сме се грижеле, но е најмалото во последните неколку години. Кога го донесоа од Куманово имаше 845 грама, помина време на респиратор, па полека учеше да дише. Со гордост можам да кажам дека станува збор за едно посебно бебе, херој, жилаво, храбро, едноставно не се дава. Нејзиното име значи пролетен дожд, а за нас и за нејзиното семејство, таа секако симболично е пролет, нов живот, се буди и живее понатаму. Особено сум горда на тимот од интензивната нега кој се грижеше за бебето, секоја чест, вели директорката Софијанова.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
