Тој и жртвата, чија националност не е објавена, се запознале преку социјалните мрежи и се договориле да се најдат. Врз основа на собраните информации, полицијата дошла до сместувањто, каде го нашле телото на девојката.
Осомничениот рекол во полиција дека девојката ја затекнал мртва во собата во која живее.
Наводно, тинејџерката им рекла на родителите дека оди кај другарка, но никогаш не стигнала таму. Полицијата соопшти дека два дена по заминувањето им се јавувала на пријателите, но родителите сепак го пријавиле исчезнувањето.
Организирана е сеопфатната потрага по неа во која учествувале 150 полицајци, 120 пожарникари како и екипи за спасување на вода. Нуркачите го пребарале блиското езеро, а користеле и дрон со инфрацрвена камера и полициски хеликоптер.
Шетачи ја пронашле облеката и торбата на исчезнатата девојка во близина на езерото.