Македонија
28. February 2021 - 16:43

Девојка загина, уште двајца повредени во сообраќајка на Пониква

Во тешка сообраќајна несреќа загина 32 годишна девојка од кочанското село Прибачево.

Незгодата се случила доцна вечерта, 3 часа по полноќ во месноста „Аеродром“ на Пониква, кога патничко моторно возилот „Фолкцваген туарег“ излетало од патот во бездна длабока десетици метри.

Автомобилот го управувал 38 годишен возач од с. Облешево кој се здобил со телесни повреди и е пренесен во кочанската болница.

Во возилото се превезувала и 28 годишна девојка од с. Василево, Струмичко. Поради тежината на повредите со возило на итната медицинска помош е пренесена на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од кочанската противпожарна единица информираат дека на лице место е извадено безживотното тело на девојката, а поради специфичноста на теренот и можноста возилото дополнително да излизга, биде принудени да го осигураат со јажиња.

На местото на несреќата увид изврши јавен обвинител и екипи на полициската станица – Кочани.