Loading Video...
Фудбал
13. September 2020 - 15:20

Диего Симеоне позитивен на Ковид-19

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е позитивен на Ковид-19,  потврдија од клубот
 
Аргентинецот нема симптоми на Корона вирусот но веднаш е упатен во домашна изолација. 
 
Откако во четвртокот е потврдено дека едно лице во клубот (чиј идентитет не се открија) било позитивно на Ковид-19, вчера се направени нови тестови, кои покажале дека Симеоне е позитивен. 
 
Инаку Атлетико кој настапуваше на завршницата на Лигата на шампионите, како и Барселона, но и Реал Мадрид, викендов ќе ги прескокнат натпреварите од воведното коло во новата сезона на Ла Лига.