Дијана Хрка му одговори на Вучиќ на повикот за разговор

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, продолжува со штрајкот со глад веќе осми денеска одговори на синоќешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ за разговор.
„Не ме повика директно. Ме повика преку медиуми, и тоа преку неговите медиуми
Хрка вели дека не ги брои деновите, дека се чувствува добро и дека не се откажува од штрајкот.
Вучиќ синоќа во изјава за РТС, рече дека е подготвен да ја прими Дијана Хрка „секогаш и во секое време“ и дека е подготвен да ја посети, но дека разговорот треба да се одвива без „политичка претстава“и без обиди за предизвикување инциденти.
„Ми се јавува преку медиумите. И тоа преку неговите медиуми. Тој рече - „ме навреди, но ќе и простам“. Го прашувам претседателот - не навредува сите веќе една година, се закани дека ќе нè уништи низ целиот свет, дали треба да му простам што рече за саботата дека „се игра некој натпревар“ - што да кажам на тоа? Дали треба да се навредам јас или тој? Нема да му простам“, изјави таа.
Таа додаде дека не размислува за тоа кој бил мотивот на Вучиќ да ѝ се јави по една година.
„Нека размисли за тоа, тој е претседател, тој се меша во сè. Ако е подготвен да разговара и ако мисли дека сака да разговара, ќе дојде тука да разговара пред сите луѓе, пред сите медиуми. Ако се плаши од скандирање, тоа е негов проблем, а не мој. Тој ги собра луѓето на кои им плаќа и продолжува да им плаќа таму. Тие се мафијаши, тие се криминалци - и тој е повреден, а јас не сум повредена?“, рече Хрка.
Веќе осми ден, Хрка штрајкува со глад во близина на српскиот парламент, во шатор на улица и спие на палети, бидејќи кога го започна штрајкот, не ѝ дозволија да се приближи до Домот на Народното собрание, каде што имаше намера да штрајкува.
Тој дел е обезбеден од полицијата.Мајката на Стефан Хрка бара кривично гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад, ослободување на сите притворени студенти и распишување вонредни парламентарни избори.
Таа им се заблагодари на сите што доаѓаат да ја посетат, да ја поддржат, како и на оние што ја поминуваат ноќта во шатори до неа.
Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, по комеморативниот собир еден ден претходно во Нови Сад, одржан по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад и загинувањето на 16 лица.
МИА
Ново на Сител
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
-

МОН воведува нови стипендии - за втор и трет циклус на студии по македонски јазик
-

Субвенции за енергетска ефикасност: Граѓаните сè повеќе инвестираат во инвертер клими, а интересот за гас значително опаѓа
-

Велешанец пронајден мртов во помошна просторија од домот
-

Трамп: Негативна одлука на Врховниот суд во однос на царините би било закана за националната безбедност
-

Кавадарчанец со „мерцедес“ возел 96 километри на час на место каде ограничено е на четириесет
