Македонија
21. April 2024 - 16:32

ДИК ги дистрибуира гласачките лифчиња, утре ќе ја достават и опремата за гласање

Од печатница до 80  општинските изборни комисии се дистрибуираат гласачките ливчиња за претседателските избори. Дистрибуцијата стартуваше од Битола, а во текот на денот ќе се врши на 17 определени рути. Со строги протоколи во присуство на претседателот  и членовите на ДИК се предава доверливиот материјал.

Од утре ќе се доставуваат и уредите за биометриска идентификација. Од ДИК велат дека сите апарати се проверени.

Отпечатени се вкупно 1 814 000 ливчиња за овие избори, онолку колку што се евидентирани гласачи во изборниот список.

Само за дистрибуција на материјалот за гласање, од печатница до сите ОИК и МНР, државата ќе ја чини  8 милиони денари. Овој договор ДИК го склучил со Колпортер ДОО Скопје, а тие биле задолжени со банкарска гаранција во висина од 10 отсто од вредноста на договорот.