ДИК ги објави првичните резултати од изборите во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово
Државната изборна комисија вечерва ги соопшти првичните резултати од изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше и за членови на Советот на Општина Тетово.
Според овие резултати, во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3340 гласачи од вкупно 3395 гласачи. Како што соопшти доцна вечерва претседателот на ДИК Александар Даштевски, имало 55 неважечки ливчиња, а излезноста била 47,46 проценти.
Во Маврово-Ростуше, кандидатот на СДСМ Медат Кутровски освоил 3266 гласови, а Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1935 гласови. Излезноста била 54,24 проценти, а имало 195 неважечки ливчиња.
Во Советот на Општина Тетово, според првичните резултати, најмногу мандати има освоено БЕСА, вкупно 12 со освоени 9.620 гласа, по што следуваат ДУИ со 11 мандати и освоени 8.702 гласа, ВМРО-ДПМНЕ со четири мандати и освоени 3.332 гласа и СДСМ со два мандата и освоени 1.953 гласа. По еден мандат во Советот на Општина Тетово имаат освоено Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1058 гласа. На гласањето за Советот на Тетово излезноста била 35,31 отсто и имало 651 неважечко ливче.
Почнува да тече рокот за приговори кој изминува во понеделник до 19 часот, додека рокот за сумирање и објавување на резултатите е до вторник до 01 часот.
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
-

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
-

На ГП Долно Блаце уапсен Турчин баран со потерница од Интерпол
-

Уапсени 12 возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив возел со 3,95 промили алкохол во крвта
-

18-годишна трудна девојка од Шуто Оризари силувана од поранешен партнер
