ДИК ги одби сите шест приговори на Левица
Државната изборна комисија на денешната седница ги одби сите шест приговори на Левица поради тоа што партијата во прилог не доставила материјални докази.
Претставникот на Левица рече дека се свесни за својот пропуст со немање докази, но дека сепак како помала партија без многу ресурси не можат да ги обучат своите кадри и набљудувачи, но сакаат да укажат на неправилности.
Претседателот на ДИК Александар Даштевски рече дека тие мораат да работат согласно Изборниот законик.
Левица имаше поднесено шест приговори од кои четири за Штип и два за Кисела Вода.
Отфрлен е и приговорот на партијата Твоја поради тоа што е поднесен по рокот.
Претходно, членовите на ДИК со четири гласа „против“ и три „за“ го отфрли приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците (АА) и Алтернатива за избирачкото место 543 во Дебар.
Претставнилот на АА и Алтернатива бараше поништување на гласањето на ова избирачко место, што беше поддржано од членот на ДИК, Кренар Лога. Според Лога, записникот од Избирачкиот одбор е невалиден бидејќи не бил потпишан од мнозинството членови на ИО. Исто така, беше наведено дека претседателот на Одборот на избирачкото место на денот на гласање бил разрешен од ОИК Дебар, но продолжил да ја врши функцијата. Членовите на ДИК од ДУИ и СДСМ посочија дека во записникот нема забелешки за текот на гласањето, така што нема основ за поништување на гласањето.
ДИК не го прифати ниту приговорот на Движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП и ДОМ, а ги отфрли и приговорите на Демократската партија на Турците.
ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ги повлекоа своите приговори за првиот круг од гласањето на локалните избори.
Ново на Сител
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат