ДИК ги потврди резултатите за првиот круг на локалните избори, нема прегласување

Државната изборна комисија (ДИК) по добивањето на одлуките за тужбите од Управниот суд, вечерва одржа седница на која ги потврди конечните резултати за првиот круг од локалните избори за општините за кои имаше приговори и тужби од партиите.
Прегласување на гласањето на првиот круг нема да има во ниту една општина, а вториот круг од локалните избори на 29 октомври, според ДИК, ќе се спроведува во 35 општини каде на 1.517 избирачки места ќе се гласа за градоначалник.
Од скопските општини втор круг за избор на градоначалник ќе има во Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари, Чаир и Сарај.
Управниот суд ги одби сите тужби освен една од 24-те на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на гласањето на избирачко место во општина Сарај за членови на Совет на Град Скопје, но судечкиот совет донел решение со кое го одбива приговорот на ВМРО-ДПМНЕ. Во одлуката објавена на веб-страницата, Судот наведува дека ДИК погрешно утврдила дека приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се однесува на гласањето за градоначалник на Скопје, а се работело за совет на град Скопје. Управниот суд, сепак, од оригиналните записници утврдил дека ДИК правилно одлучил да го одбие приговорот бидејќи од доказите видно е дека не е прекршен Изборниот законик.
Во одлуката на судечкиот совет на Управниот суд пишува дека „резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на членови на Советот на Град Скопје, за гласачкото место 2461 - општина Сарај, се потврдуваат“.
Ново на Сител
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
