ДИК усвои Стратешки план за работа за периодот 2021-2024 година
Државната изборна комисија (ДИК) денеска усвои Стратешки план за периодот 2021-2024 година, со којшто се поставуваат цели за унапредување на работата на Комисијата преку одржување на кредибилен изборен процес, континуирано унапредување на изборниот процес и постојана поддршка на сите учесници во изборниот процес и остварување на нивните избирачки права.
-Свесни сме за предизвикот пред кој се наоѓаме и токму затоа подготвивме стратешки план што ќе одговори на сите отворени прашања притоа следејќи ги сите универзални норми и принципи. Стратешкиот план е производ на заложбите, разговрите и сугестиите на сите вклучени во изборниот процес се со цел да се организираат фер, слободни и демократски избори, рече претседателот на Комисијата Александар Даштевски.
Потпретседателката на Комисијата Дитмире Шеху објасни дека во Стрешкиот план се предвидени седум приоритети и тоа: зголемување на квалитетот на подзаконските акти и нивна ефикасна примена, унапредување на постапката и начинот за водење на Ибирачкиот список, подобрување на ефикасноста на активностите помеѓу избориоте органи, зголемување на свесноста и довербата на граѓаните во изборниот процес, унапредување на знаењето и вештините на изборната администрација за спроведување на избори, подобрување на внатрешната организација и функционирање на ДИК и итегрирање на родовите аспекти во активностите на ДИК. Врз основа на Стратешкиот план ДИК ќе изготви акциски планови, а првиот ќе биде за локалните избори што треба да се одржат во втората половина на октомври.
Стратешкиот план е изготвен во рамки на проект за изборни реформи поддржан од Швајцарија, а го спроведуваат ИФИМЕС и Младинскиот совет на Македонија.
Членовите на седницата усвоија и Упатство за спроведување на процедура за вршење на ex-ante контрола на примените фактури за платено политичко рекламирање од радиодифузери, печатените и електронски медиуми.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје