Димитар Главчев избран за претседател на бугарското Собрание
Со 157 гласа „за“ и 81 „воздржани“, Димитар Главчев денеска е избран за претседател на 44-от состав на бугарското Народно собрание.
Тој беше единствен кандидат номиниран за таа функција од страна на најголемата парламентарна партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).
- Верувам дека клучниот збор во работата на ова Народно собрание ќе биде „обединување“. Важно е да изнаоѓаме решенија за приоритетните сфери, како што се здравството, образованието, социјални дејности и безбедноста, изјави Главчев во својот прв говор како претседател на Парламентот.
Следуваше и изборот на заменици претседатели на Собранието, за кои функции се избрани Цвета Карајанчева од ГЕРБ, Валери Жабљанов од коалицијата „БСП за Бугарија", предводена од Бугарската социјалистичка партија, Јавор Нотев од блокот Обединети патриоти, Ниѓар Џафер од Движењето за права и слободи (ДПС) и Веселин Марешки од Волја.
Ново на Сител
-
Teма на денот со д-р Марјан Шокаровски, Државна Кардиохирургија
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија