Димитриеска-Кочовска: Зголемена наплатата кај даночните приходи
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска денеска рече дека покрај зголемената наплата на приходите, има покачување и на наплатата кај даночните приходи. Според неа, реализацијата на капиталните расходи се одвива согласно планираното, а со оглед дека Владата е фокусирана на инфраструктурните проекти, во периодот што следи, може да се очекува поголема реализација на капиталните инвестиции.
Потсетувајќи дека има нова методологија за евидентирање на капиталните расходи, Димитриеска Кочовска напомена дека нема да дозволи вештачко прикажување на капиталните приходи само колку да се покаже пред граѓаните дека наводно нешто се работи.
- Има поголема наплата кај даночните приходи, наплаќаме дивиденди од оние институции кои имале добри резултати во 2023 година. Реализацијата на капиталните расходи се одвива согласно планираното, во јануари и февруари веројатноста дека ќе има голема реализација е минимална. Очекувајте во периодот што следи да има поголема реализација на капиталните расходи, истакна Димитриеска Кочовска, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царинската управа.
Gjithsej 84 milionë euro nga kredia hungareze janë transferuar në Bankën për zhvillim të Maqedonisë, ndërsa interesimi i kompanive është shumë më i madh se sa pritej, thotë ministrja e Financ
Таа потсети дека има нова методологија во делот на евидентирање на капиталните расходи со податоци за исплатените гаранции во име на некои од јавните претпријатија и акционерски друштва кои во минатото биле евидентирани како капитални расходи.
- Како резултат на тоа имавте вештачка слика во однос на тоа што се случува. Денес не ги евидентираме како капитални расходи, туку одат под линијата, долу и како резултат на тоа ќе видите дека кога би ги вратиле во евиденција над линија, имаме поголема реализација во однос на изминатиот период што значи дека имаме реално поголема реализација во однос на претходната година од она што значи реална имплемнетација на капитален проект. Не зборуваме за аванси, плаќање гаранции за акционерски друштва,..., се е тоа под линијата. Кога ќе ги споредите податоците ќе видите дека имаме многу подобра реализација. Нема да дозволам како што беше во минатото, вештачки да ги прикажуваме капиталните приходи само колку да покажеме пред граѓаните дека нешто работиме, а во суштина во изминатите седум гопдини ако излезевме на терен, ќе видевме дека реализација на каков било проект не ни постоеше, речиси е нула, потенцира министерката.
Ново на Сител
-
Димитровска: Комуницирав со семеен пријател пред да биде обвинет за „Адитив“
-
ССМ утре на првомајски протест со барање за повисоки плати
-
Охриѓанец завршил во болница откако голтнал ќесичка кокаин за да не го фати полиција
-
1425 сообраќајни прекршоци изминатите два дена на територија на цела држава, 333 за брзо возење
-
Ужас во Охрид: 50-годишник повеќе пати силувал девојче кое не наполнило 15 години, девојчето се породило во март
-
Незапаметен случај на лихварство во Охрид: Маж (35) и жена (39) изнудиле 1.160.000 евра
-
Српски воен падобранец загина по скок со падобран
-
Мајкл О’Флаерти: Северна Македонија да продолжи со посветеност на правата на Ромите