-->
-->
Димитриев: Граѓаните се тие кои одлучуваат, а ние ќе продолжиме да работиме за нив
-->
Имаме историска одговорност сите ние да се вклучиме во еден нов почеток, во еден нов циклус кој ќе изобилува со позитиван енергија и пристап. Граѓаните од нас очекуваат одлуки и обезбедување на нивната иднина, , и наша обврска е тоа да им го овозможиме, рече техничкиот премиер Емил Димитриев во своето обраќање.-Врвно демократско право е народот на избори да одлучи на кого ќе му ја даде довербата. Граѓаните се тие кои одлучуваат, а ние треба и ќе продолжиме да работиме за нив, за нашата земја Македонија и за нашата заедничка иднина. Ние ја имаме одговорноста пред граѓаните, и во вакви сложени времиња, не отстапуваме, продолжуваме одговорно, достоинствено, со чесна намера, и во интерес на граѓаните и на Република Македонија. Верувам дека сите заедно ќе бидеме дел од успешна Македонија, рече Димитриев.
Позицијата премиер на преодната влада, нагласи Димитриев, ќе ја извршувам одговорно и чесно, а изборите кои ќе ги организира оваа влада ќе бидат фер и демократски, и граѓаните ќе одлучат на нив врз основа на програмите кои партиите ќе ги понудат, на кредибилитетот на кадрите и на верувањата и вредностите, на која партија и на кој кандидат за премиер ќе му го дадат мандатот да управува со земјата по 24 април 2016 година.
-Со Божја помош и благослов, да живее Република Македонија, заврши Димитриев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
-

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места
-

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“
-

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евакуирани над 220 илјади луѓе
-

Новите американски царини предизвикаа негативни реакции од светот, вклучувајќи ги ЕУ, Кина, Јапонија и Австралија
-

Бесплатен панорамски разглед на Скопје
