Македонија
18. January 2016 - 23:19

Димитриев: Jа повикувам опозицијата на конструктивност, заедно може да направиме многу добри нешта за државата

Сакам да се обратам и на опозицијата и да ја повикам на конструктивност во своето дејствување, рече новиот привремен премиер Емил Димитриев во своето обраќање во Законоданвиот дом.
 
– Ве уверувам дека преодната влада ќе гарантира фер и демократски избори со секое свое дејство и активност, а вие како опозиција имате клучна одговорност во придонесот во организирање на фер и демократски избори преку водењето на клучните ресори и тела кои ги организираат изборите, и вие треба да се вклучите во овој процес кој обезбедува напредок на земјата. Заедно можеме да направиме добри работи за земјата, рече Димитриев.
 
Тој нагласи дека преодната влада ќе го поддржи секој договор по однос на секоја тема кој политичките партии ќе го постигнат по однос на било кое прашање кое е во врска со организацијата на изборите, кое ќе е постигнато врз основа на демократските принципи кои се дефинирани и отелотворени и кај нас и во западните демократии и кое ќе биде во согласнот со националниот и државен интерес, односно нема да е спротивно на овие вредности. Димитриев нагласи дека преодната Влада ќе внимава овие решенија да не се во спротивност со уставот и законите.