Димитриевски до Османи: Секој стап има два краја
Во своето гостување на Сител ТВ во Тема на денот, актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски му се обрати на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
- Денеска прочитав еден текст, вели, како тоа баш Албанец во овој тежок момент дојде и тоа лекар по професија за да го решава овој проблем. Па можеби и затоа свесно е донесен, бидеќи не ја разбира работата. Имате дипломати од кариера, врвни дипломати кои се исклучени целосно од решавање на овој процес кои никогаш не би дозволиле да се случуваат вакви преседани какви што ни се случуваат. Османи нека се занимава со неговата примарна работа, да не употребува ваква реторика бидејќи секој стап има два краја. Македонскиот народ иако е трпелив секогаш во клучните моменти знаел да покаже интегритет и да го брани тоа што е негово, истакна Димитриевски.
Ново на Сител
-

Путин побара дополнителни мерки за справување со последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура
-

Чавушоглу: Од Македонија се бараше да го смени името, знамето и сега се бара да прифатат дека не се Македонци
-

На граничните премини нема долги задржувања
-

Денеска е најтоплиот ден во историјата на мерењата во Франција
-

Силно невреме со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија
-

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски се прости од Јовица Илиевски
-

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија
-

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села
