Македонија
21. October 2021 - 17:38

Димитриевски: Нашиот план е да реализираме повеќе од 800 проекти во следниот мандат

Кандидатот за градоначалник од „За наше Куманово“ Максим Димитриевски повика граѓаните во вториот круг да му ја дадат поддршката за да продолжи да ги реализира проектите со кои ќе го унапредува градот.

– Во изминатиот период реализиравме 400 проекти, а нашиот план и амбиции во следниот мандат е да реализираме повеќе од 800 проекти кои значат подобрување на квалитетот на живот на кумановци. Ве повикувам сите, на 31 октомври да ни дадете поддршка за да продолжиме со унапредување на Куманово. Ајде заеднички да продолжиме да го развиваме слободарско Куманово!, порача независниот кандидат Димитриевски.