Димитриевски: Првиот младински центар го отворивме во Куманово, додека другите велат дека ќе градат игралишта, ние веќе изградивме 13
Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска учествува на дискусијата на тема „Колку потребите на младите во Куманово се инкорпорирани во програмите за локалните
избори 2021?“ заедно со кандидатите за градоначалници во рамки на кампањата „Слушни ме“, организиран од Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД).
Димитриевски потенцираше дека Куманово во континуитет реализира проекти за младите, а искуството и соработката со ЦИД го потврдуваат тоа.
„Првиот младински центар е отворен во Куманово. Додека другите велат дека ќе градат игралишта, ние веќе иградивме 13 игралишта. Отпочнавме и со градба на градско кино. Спомен Костурница од едно неуредено место
направивме цел спортски комплекс, мини амфитеатар којшто е во тек на градба. И ќе продолжиме да го затвориме како проект коишто одредени против кандидати го нудат. Ние веќе го работиме тоа“, рече Димитриевски.
Тој истакна дека тоа што е многу важно за младите лица е да им се даде шанса да одлучуваат и да носат одлуки, а не да бидат бројка на формални форуми и партиски митинзи.
„На младите треба да им се даде шанса да се вработат врз база на квалитет, а не врз база на лојалистичкиот пристап којшто поединците го имаат во партијата. И ако е лојален и ако оди на средби со кандидатот или некој друг и го следи слепо тогаш ќе добие работно место. Во спротивно нема да добие работно место без разлика дали е квалитетен или не е квалитетен. Отпочнавме еден проект во градот кадешто дадовме бесплатен автобуски превоз на пензионерите и тоа го имаме во програмата. Во следниот мандат бесплатен превоз ќе имаме и за сите студенти во градот. Ќе избереме и нов превозник бидејќи направивме истражување со кое младите луѓе токму не се задоволни со јавниот превоз во градот, а токму вие бевте вклучени во тоа истражување и сум ви благодарен. Имаме еден простор на затворениот градски базен којшто не е искористен. Многу луѓе сметаа дека таму ќе никне еден нов ресторан или кафана. Поминаа времињата кога културните центри во нашиот град се претворија во културни центри во центри за кафани и кафулиња. На тој простор ќе отвориме центар за млади, кадешто ќе може да се собираат младите лица и да креираат нови бизнис идеи, а сето тоа ќе го покрие општината. Имаме многу важни проекти за младите, кои се наведени во програмата, а не можеме во 2 минути да ги интерпретираме се со цел да им дадеме на значење на младите и да го следат примерот за нивното вработување по примерот на ново формираното јавно претпријатие за просторно и урбанистичко планирање каде беа млади луѓе вработени од биро, а не од партиски клупи, даваме шанса на квалитетот, а не на квантитетот“, посочи Димитриевски.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи