Димитриевски: Во првата година од мандатот реализирани над 130 проекти
– Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски по повод една година од вториот мандат на својот фејсбук профил објави за реализираните проекти.
Тој наведува дека се изградени два нови кружни тека и се реализирани над 130 проекти. Нагласува дека се асфалтирани 50.000 квадратни метри, улици, поставен е бекатон на 20.000, изградена е 8.000 метри атмосферска и фекална канализација и поставен е тампон на 80.000 метри квадратни површина.
Како што наведува во објавата, реконструирани се три средни и пет основни училишта, изградени се пет нови спортски игралишта, реконструиран е стариот градски парк. Димитриевски пишува дека се набавени 12 нови возила и механизација на јавните претпријатија, а тековно се санира спортската сала. Во делот на екологијата, тој укажува дека тековно се чистат речни корита, поставени се шест мерни станици за мерење на аерозагадувањето, 40 полуподземни контејнери, засадени се 1300
– Граѓанскиот концепт не должи никому, тој должи единствено на вас граѓаните, Куманово продолжува да се менува на подобро, пишува Димитриевски.
Ново на Сител
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи
-
Зеленски до Парламентот поднесе предлог-закон за продолжување на мобилизацијата