Балкан
12. September 2020 - 16:42

Димитров тврди проблемот помеѓу Скопје и Софија е европски, Ѓеоргиев возвраќа дека тие одбиле членови од ЕУ

Нерешените историски прашања не се проблем само на Софија и Скопје смета првиот човек на бугарската комисија Ангел Димитров. Во интервју за бугарските медиуми вели дека тоа станува и европски проблем бидејќи се атакаува врз историјата на Бугарија која е дел од Европската рамка.

„Не треба да се заборави дека она што не е решено меѓу нас, веќе не е само двостран проблем. Тоа се претвора и во европски проблем. Бугарија како членка на ЕУ таму учествува со својата историска целост и кога има напад од земја кандидат, тоа е проблем кој не ги засега само двете страни“, вели Ангел Димитров, шеф на бугарска експертска комисија.

Димитров смета дека суштински проблем е историската наука во Македонија за која вели дека е формирана за потврдување на идеологијата за македонизмот а за тоа има и политичка поддршка.

„Од научна гледна точка ме притиска што нашите колеги не се стремат да излезат од таа рамка која е создадена тогаш, а сега се мачат да откријат нови аргументи, повеќе методолошки за да го оправдаат нејзиното постоење. Тоа е суштински проблем од строго научна гледна точка “, вели Димитров.

Од македонска страна сметаат оти е очигледно дека Бугарија сака проблемот да го претстави како Европски, иако претходно одбила во преговорите да се вклучат и европски претставници со изговор дека тие не го познаваат  проблемот..

„ Тогаш тоа беше одбиено од бугарска страна со образложение дека тоа е билатерален проб и дека во Европа не се добро запознаени со нашите историски недоразбирања и на тој начин не можевме заеднички да вклучиме експерти од Европа и затоа сега малку ме зачудува дека одеднаш тоа не е веќе билатерален туку станува европски проблем. Бугарската страна апсолутно не сака да погледне и во својот сопствен наратив и постапки во самата комисија и сета вина ја префрла на македонската  страна“ вели Драги Ѓорѓиев, шеф на македонска екпсертска комисија.

Во следните три до четири недели е предвидена нова средба на двете историски комисии на кои тема ќе биде средновековната историја и како таа ќе биде претставена во македонските учебници.. Последната средба меѓу комисиите се одржа пред 10 месеци кога двете страни објавиа дека заглавиле на прашањето за Гоце Делчев.