Димитров во Брисел се сретна со Јоханес Хан
Очекување за почеток на претпристапните преговори со Европската унија изрази денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, на средбата во Брисел со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
Димитров, како што соопшти МНР, на средбата го информирал Хан за досегашното спроведување на реформите согласно Акцискиот план на Владата - Планот 3-6-9 и ја реафирмирал заложбата на Владата за целосен ангажман во имплементација на клучните реформи, со цел на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори.
Во таа насока биле адресирани досегашните и претстојните поважни активности од европската агенда.
Димитров изразил убедување дека напредокот на земјата ќе овозможи отворање на дискусија за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори, како чекор кон остварување на стратешката цел на Македонија – членство во ЕУ.
Еврокомесарот Хан ја повторил посветеноста на ЕК за натамошна соработка со Владата на Република Македонија во функција на успешна реализација на итните реформски приоритети и забрзување на евроинтегративниот процес на земјата.
На средбата била искажана заедничка подготвеност за продолжување на конструктивната и динамична соработка во насока на остварување на овие цели.
Ново на Сител
-
Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар