Македонија
22. February 2020 - 8:52

Дискусија за персиската литература во иранската уметност и филм

Иранската амбасада во Скопје денеска напладне во Порта Македонија ќе организира дискусија за персиската литература, со осврт на делото „Искендернаме“ (Поема за Александар).

На настанот ќе учествуваат иранскиот уметник Мохаммад Реза Афшари, кој ќе говори за литературата во калиграфијата, и режисерот Маџид Реза Мустафави, кој ќе се осврне на литературата во иранскиот филм.

Двајцата автори  во Скопје се претствија со свои дела – Афшари со изложба на исламска калиграфија која во Порта Македонија ќе биде отворена до 24 февруари, а филм на Мостафави, насловен „Астигматизам“ од 2018 година, ќе биде прикажан вечер од 20 часот во Кинотеката во рамки на Фестивалот на современ ирански филм.

Фестивалот со најнови остварувања од иранската кинематографија се одржува од 17 до 23 февруари. На последниот фестивалски ден, утре, ќе бидат прикажани и филмовите „Развод заради мачки“ од 18 часот и „Реза“ од 20 часот, во присуство на режисерите Мохамад Али Саџади и Алиреза Мотемеди.