Бизнис
27. May 2020 - 19:39

ДКСК ќе ја следи распределбата на пари од третиот пакет економски мерки

Владата да не се фали со мерки чија реализација е во тек или кои се веќе познати. Антикорупциска активно ќе го следи делењето државна помош од третиот сет економски мерки иако на состанокот со Министерката за финансии и владиниот советник за економски прашања добиле уверување дека постапката ќе биде транспарентна. Ивановска вели дека простор за пред изборен поткуп секогаш постои, но неопходно е санирање и на економските штети од корна кризата.

Предмет на анализа ќе бидат и јавните набавки за време на вонредната состојба, но и државните пари кои фирмите ги добија од Ковид 1 и 2 пакетите за помош на погодените сектори.

„Од медиумите ја видовме листата на фирми кои важат за поситуирани, а сепак добиле државна помош. Ова ќе биде во нашиот фокус во следниот период, по кои основи овие фирми добиле помош“, вели Ивановска.

Ивановска потенцира дека наградите на лекарите и медицинскиот персонал на инфективните одделенија во овој момент не претставува ризик за влијание врз гласачкото тело и нема да биде предмет на оценка. Се останато ќе се следи особено ако биде договорен датум за изборно соочување.