ДКСК со нов план против корупцијата и судирот на интереси
Антикорупционерите со нова петгодишна стратегија за борба против корупцијата. Јавните набавки и надзорот над спроведувањето на законите се во фокусот на документот, а клучни сектори кои ќе ги следи ДКСК се правосудството, здравството, урбанистичкото планирање, инфраструктурни проекти и животна средина.
Стратегијата чие спроведување ќе трае до 2030 година предвидува низа мерки кои треба да спречат појава на корупција и судир на интереси, но и нивно санкционирање. Правосудството е прво на листата, бидејќи според антикорупционерите, тоа е клучен фактор во борбата со корупцијата. Се предвидува зголемување на независноста и примена на соодветна казнена политика за корупциските случаи.
За изработка на стратегијата, дкск анкетирала околу 3.000 вработени во јавниот сектор кои ги посочиле ризиците од корупција. За спроведување на активностите кои во следните пет години треба да застанат на патот на корупцијата и судирот на интереси, предвидено е да се потрошат три и пол милиони евра.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
