Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Според последните податоци, во светот со коронавирусот досега се заразени 7.369.460 лица. Од нив починале 414.864, а оздравеле 3.637.780 луѓе.
– Расте бројот на новозаразени со Ковид-19 во Албанија. Во последното деноноќие од тестирани 311 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 42 лица, што е за шест повеќе од вчера, кога беше регистрирана најголема бројка од појавата на пандемијата. Во споредба со податоците од понеделникот, бројот е поголем за дури 25 новозаразени. Од новозаразените петмина се здравствени работници. Досега во земјата направени се 19.271 тестирање, позитивни на Ковид-19 се 1.341, оздравени од нив се 980, додека починати 34. Активни на болеста се 327, од нив болнички се лекуваат 46, што е за 12 повеќе во споредба со понеделникот, на интензивна терапија се осум, а на респираторна машина поставен е еден пациент. Според Министертвото за здравство и социјална заштита, зголемиот број новозаразени во последните денови е последица на групните собирања, присуство на погреби, како и неносење заштитна маска и неодржување физичка дистанца.
– Во Пакистан за еден ден се регистрирани повеќе од 100 смртни случаи, најмногу откако е прогласена епидемијата на коронавирусот кон средината на март. Во изминатите 24 часа, во Пакистан се пријавени 4.646 нови случаи и 105 смртни случаи. Заразени се вкупно 108.316 лица, а 2.172 починале. Според премиерот Имран Кан, Пакистан се уште не го достигнал пикот на епидемијата и тоа не се очекува до август.
– Во изминатите 24 часа во Бразил се пријавени 32.091 заразени со коронавирусот и 1.272 смртни случаи. Во таа јужноамериканска земја се регистрирани вкупно 739.503 пациенти, па Бразил е на второто место во светот по бројот на заразени, веднаш по САД. Според вкупниот број смртни случаи – 38.406, Бразил е на третото место во светот.
– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија во последните 24 часа се зголеми за 318 и достигна 184.861, соопшти Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“. Починаа 18 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во државата достигна 8.729.
– Мексиканското Министерство за здравство објави дека се потврдени уште 4.199 случаи на коронавирус и уште 596 смртни случаи во таа земја. Така, вкупниот број заразени во таа земја достигна 124.301, а вкупно 14.649 лица починаа како резултат на Ковид-19.
– Според Африканскиот центар за контрола и спречување на заразни болести на тој континент, бројот на заразени со вирусот надминува 200.000. Досега од Ковид-19 во Африка починале 5.516 луѓе, а вкупно се заразени 202.782. Африка се уште претставува мал процент од вкупниот број на позитивни (околу пет проценти), но таму се загрижени затоа што бројот на заразени лица продолжува да се зголемува. Јужна Африка е прва со 52.991 заразени лица. Египет има 36.829 случаи и Нигерија 13.464.
– Од направени 1.369 анализи, во изминатите 24 часа, на Кипар денеска се регистрирани два нови случаја на Ковид-19, а вкупниот број на заразени лица се зголеми на 974.
Ново на Сител
-

Физичка пресметка помеѓу двајца браќа и нивната мајка во Шуто Оризари
-

36-годишен маж од Скопје ја пријавил поранешната партнерка дека физички го нападнала
-

Во стан во Кисела Вода пронајдена почината 46-годишна жена
-

Десетти смртен случај од западнонилска треска, почина 70-годишен пациент
-

Две лица активирале противпожарни апарати во казино при што гостите почнале да се гушат
-

Кривична за параглајдинг инструктор од Прилеп, Швеѓанка при слетување скршила нога
-

Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
-

Влада: ДДВ од 10 отсто за горивата продолжува до 12 октомври
