Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 5.545,463 лица. Од нив починале 347.617, а оздравеле 2.327.245.
– Во последното деноноќие во Албанија регистрани се шест новозаразени со Ковид-19, со што вкупниот број надмина илјада заболени. Од почетокот на пандемијата, извршени се 14.659 тестирања, при што позитивни се 1.004 лица. Битката со болеста ја добиле 795 или околу 79 од вкупно заболените а починале 32 лица. Активни случаи се 177, од кои 16 се третираат болнички, а четворица се на интензивна терапија.
– Во Австрија, бројот на активни случаи се намали за околу 50 на 679. Според Министерството за здравство, во последните 24 часа, бројот на активни пациенти е намален за 47. Во исто време, бројот на смртни случаи се зголеми за нова жртва и сега изнесува 641.
– Иран ги отвори големите шиитски светилишта, вклучувајќи го и Имам Реза во Машхада и Хазрат Масумех во Кома, два месеци откако тие беа затворени за да се спречи ширењето на коронавирусот.
На верниците и аџиите ќе им биде дозволен пристап до дворовите, но не и на тремови и други покриени области. Тие ќе треба да ги следат упатствата за хигиена и физичко дистанцирање, пренесува Би Би Си.
– Општата болница во Вестон, во југозападниот дел на Англија престана да прима пациенти, дури и на одделот за итни случаи, поради големиот број заболени од коронавирус, објави денеска болницата.Од таму посочуваат дека суспендирањето на приемот е превентивна мерка за безбедноста на пациентите и вработените.
– Министерството за здравство на Грција попладнево соопшти за еден смртен и четири нови позитивни случаи на Ковид-19. Вкупниот број на заразени се зголеми на 2.882 лица, а на починати на 172 лица. Од почетокот на епидемијата биле направени 155.037 тестови, 1.074 повеќе од вчера.
– Од направени 2.128 анализи, во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани само два нови случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 937 лица.
Ново на Сител
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура