-->
-->
До 12 часот околу 6.000 граѓани ја преминале македонската граница на „Деве Баир“
-->
На граничниот премин „Деве Баир“ денеска е зголемена фреквенцијата на возила кои ја преминуваат македонско-бугарската граница.
Возилата чекаат за премин во колони. Задржувањето од македонска страна е помалку од половина час, но за пасошка контрола од бугарска страна се чека подолго.
Според Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор (ПС ГК и ГН), причина за зголемениот број возила е тоа што повеќето бугарски државјани кои за новогодишните празници биле во Охрид и Албанија, сега се враќаат. Но, покрај бројните бугарски туристи кои се враќаат дома, голем е и бројот на македонски и странски државјани кои одат на зимување во атрактивните зимски ски-центти Банско и Боровец, како и во блискиот ски-центар кај Ќустендил, „Три буки“.
Проценките велат дека последните два дена од 2018 година во државата низ „Деве Баир“ влегле над 6.000 бугарски државјани со неколку илјади автомобили и околу педесетина автобуси. Притоа, најголемиот број се туристи кои заминале за Крива Паланка, Охрид и Албанија.
Од ПС ГК и ГН информираат дека до 12 часот денеска од Македонија во Бугарија влегле околу шест илјади патници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Романски државјанин возел со брзина од 163 км/ч на место каде дозволено 80км/ч
-

Во шатор во Галичник пронајдена разновидна дрога - пет лица приведени
-

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни

