-->
-->
До 19 часот излезеноста во Охрид 49, во Струга 35 и во Дебрца 53 проценти
-->
На предвремените парламентарни избори до 19 часот во Охрид на гласање излегле 49,34 отсто од лицата со право на глас.
Излезеноста во Општина Дебрца до 19 часот изнесува 53,65 проценти.
За истиот временски период во Струга правото на глас го оствариле 35,48 отсто од гласачите.
Според информациите од претседателите на изборните комисии на трите општини, гласањето се одвива непречено, без какви било неправилности во фер и демократска атмосфера.
На овие 10-ти по ред парламентарни избори право на глас имаат 52.510 граѓани на Охрид, кои гласаат на 89 избирачки места, 4422 гласачи во Дебрца кои гласаат на 20 избирачки места, како и 60.810 лица во Струга, кои правото на глас можат да го остварат на 101 гласачко место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“