До УЈП Делчево доставени 4.800 даночни пријави

До Подрачната канцеларија на Управата за јавни приходи во Делчево, заклучно со вчерашниот ден, се доставени 4.800 даночни пријави од граѓани.
Според информацијата на Стојче Гоцевски, в.д. раководител на даночниот шалтер во Делчево, во текот на денешниот ден се очекуваат уште околу 500 даночни пријави од граѓани.
- Според динамиката на пријави, очекуваме овој ден да примиме околу 500 даночни пријави. Водејќи се од логиката на граѓаните кои го чекаат последниот ден за да ја извршат својата обврска, ние очекуваме дека заклучно со денешниот ден, сите граѓани кои оствариле допонителни проходи во минатата година, ќе ги достават пријавите. На шалтерите на УЈП во Делчево, нема гужви, се се одвива во најдобар ред. Оваа година во споредба со минатата година очекуваме помал број даночни пријави, околу 5.300, рече Гоцевски.
Според Гоцевски, околу 70 до 80 отсто од пријавените даночни пријави се веќе обработени, а до 15 мај ќе има и готови решенија кои ќе им бидат доставени на граѓаните.
Ново на Сител
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
-

Прегазено 4-годишно дете во Кичево
-

Дел од општина Аеродром без вода
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на АЛДЕ, потврдена заложба за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат
-

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
-

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО
-

Зголемен број на случаи на депресија во Романија: Празниците се психолошки товар за осамените
-

Му го попречиле патот две возила, едно лице од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло
