До вчера 137 лица позитивни на Ковид-19 и во изолација се пријавиле за гласање
Потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК) Дитмире Шеху изјави дека до вчера барање за гласање до општинските изборни комисии поднеле 137 лица со позитивен тест за Ковид-19 и во самоизолација, како и 3.138 болни и немоќни лица.
Во однос на учеството на здравствените работници во избирачките одбори и нивно изземање од страна на ДИК, Шеху рече дека Комисијата не би можела да каже дека има проблем бидејќи оние што сакаат изземање доставуваат документација дека се спречени да учествуваат во изборниот процес во посебните избирачки одбори.
-Ние повторно ќе ги менуваме. Сега собираме податоци. Можеби ќе бидете известени повторно ќе правиме случаен избор за нови здравствени работници. Малку ни е во овој дел проблем, рече Шеху.
До вчера 80 здравствени работници биле изземени од посебните избирачки одбори.
– Имавме сто барања, на 80 им е прифатено барањето, рече потпретседателката на ДИК, појаснувајќи дека некои од нив се во пензија, не се веќе во работен однос во здравствена институција, некои се во странство, некои не можат да се најдат. Таа потенцира дека сега имаат барања за изземање и од тие што биле случајно избрани, откако дел биле изземени.
Шеху рече дека само 10 отсто од избирачките места се сменети заради запазување на мерките за заштита од Ковид-19.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар