Loading Video...
Македонија
18. January 2020 - 21:59

Додека Битола е во густа магла веќе подолг период, на ски терените во Ниже Поле сонце и сино небо

 Додека Битола е во густа магла веќе подолг период, на ски терените во Ниже Поле сонце и сино небо.

-Битола останува во смог, чад, но на влезот во Ниже Поле има сонце. Скоро 10 дена тука времето е сончево, без облаци, ветер, единствено недостига снег.Посетени сме многу, може да се пофалиме со многу гости од градовите кои гравитираат околу Битола, вели Горан Марковски, одговорен за ски -центарот Ниже Поле. 

Иако оваа сезона нема доволно снег за скијање, битолчани изминатите денови масовно го посетуваа ски центарот за да бидат на чист воздух, да се напијат чај или кафе, децата да се порадуваат пред да заврши зимскиот распуст.

-Преубаво е овде, долу магла тука чист воздух, како лето.

-Дишеме чист воздух, се забавуваме, скијаме.

-Си играме, се санкаме.

-Дојдовме да се надишиме чист воздух, магливото време на прави депресивни, да ни се врати малку позитивната енергија во овие змски денови, велат посетителите.

Од ски центарот Ниже Поле се надеваат дека во иднина недостатокот на снег ќе го решат на поинаков начин, со вештачки снег, за да им се понуди опција на љубителите на скијањето.

-Децата можат да уживаат во снегот колку што го има, се надевам во иднина ќе имаме услови да не зависиме од природата, туку да можеме сами да придонесеме, но за тоа се потребни повеќе средства, тоа треба да се издигне на повисоко ниво во нашата држава, рече Марковски.

Но и она малку снег што го имаше, максимално го искористија ски инструкторите кои ги учеа децата да скијаат.