Македонија
16. January 2021 - 16:36

Додека гласањето е одложено, партиите со нови меѓусебни обвинувања за пописот

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од намерата преку граѓански потписи да го поништи законот за попис.

Од партијата веќе ги подготвуваат документите неопходни за спроведување на оваа акција на терен. Потенцираат дека од оваа намера ќе се откажат само ако власта го повлече како што велат криминалното законско решение.

Власта не се откажува од спроведување на попис оваа пролет. И денеска бараат опозициската партија да го поддржи пребројувањето на населението неопходно за функционирање на државата.

По тридневна дебата во Собранието, власта вчера не успеа да го обезбеди неопхониот кворум за носење на законот за попис. По изцрпување на листат пријавени пратеници за збор седницата беше прекината, а гласањето на законот се очекува во текот на следната недела.