Доделени 78 милиони денари за организирање и реконструкција на јавните површини во Клинички центар
Владата додели 78 милиони денари за организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје со цел обезбедување на поефикасно функционирање и укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на пациенти заболени од коронавирусот и непречено функционирање на останатите клиники во Клиничкиот центар во услови на зголемен обем на работа за време на вонредна состојба.
– Според Член 2 од оваа Уредба, финансиското учество на Владата е за трошоци за реконструкцијата на улици и тротоари, пробивањето на нови влезови, одвојување на автомобилскиот и пешачкиот сообраќај и непречено движење на интерхоспиталните и интервентните возила и возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје, информираат од владината прес-служба.
Средствата утврдени со оваа уредба Министерството за финансии ќе ги префрли на Град Скопје, кое ја реализира реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје, во координација со Јавните претпријатија основани од Градот Скопје.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста