Доделени наградите на 25. Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура
Полскиот карикатурист Михаил Грашчук и српскиот афористичар Нинус Несторовиќ се победниците и добитници на златни плакети на јубилејното 25 издание на меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура кој се одржува во Струмица. Тие наградите ги добија во силна конкуренција помеѓу голем број автори од три различни континенти во делот на карикатурата и речиси сите балкански држави во категоријата за афоризам.
На затворањето на фестивалот беа доделени и сребрени и бронзени плакети во двете категории , но и специјални признанија од организациониот одбор на струмичкиот карневал. Меѓународниот фестивал на афоризам и карикатура е инспириран од струмичкиот карневал и како главна тема за работа ги има карневалот и еротиката и е единствен од таков тип во државата.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар