Доделување грантови од вториот повик за развој и промоција на туризмот во Западен Балкан
Во организација на Советот за регионална соработка (РЦЦ) денеска во албанскиот град Драч ќе се одржи второто свечено доделување на грантови во рамки на проектот за развој и промоција на туризмот во земјите од Западен Балкан.
Со проектот за развој и промоција на туризмот, кој е финансиран од Европската унија, а имплементиран од страна на РЦЦ, се овозможува консолидација и диверсификација на културната и авантуристичката туристичка понуда во шесте економии од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Со него, исто така, се поттикнува развој на заедничките регионални туристички рути и производи, подобрување на инфраструктурата и квалитетот на услугите на тие туристички рути и глобално, како и промовирање на заедничката регионална туристичка понуда.
Седум од дванаесет грантови кои ќе бидат доделени во првиот циклус ќе се користат за развој и промоција на нови регионални културни рути и производи, вклучително и римски археолошки локалитети, споменици на Втората светска војна, утврдувања и културно наследство на главните градови. Останатите пет ќе придонесат за понатамошен развој и промоција на постоечките авантуристички туристички патишта (Виа Динарика) и развој на нови производи, вклучувајќи и регионална патека за јавање.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд