Доделување сертификати на сопственици на микро и мали бизниси
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, ќе додели сертификати на 117 сопственици на микро и мали бизниси кои успешно ги завршија претприемачките програми на Проектот.
Пред присутните ќе се обратат Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД во Македонија, Катарина Штокер, заменик-шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија и Јован Маџовски, директор на Проектот.
Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој почна со работа во јули 2011 година, ги поддржува микро и малите бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на Проектот се имплементирани преку ЦЕЕД Македонија, кој е една од институциите во наследство на УСАИД.
Ново на Сител
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер
-
Голем руски ракетен напад врз Украина
-
Состојба на патиштата