Балкан
3. October 2022 - 16:48

Додик сепак не ги загуби изборите, Кадровски но не и суштински промени во БИХ

Изборите во Босна донесоа  кадровски промени , но не и суштински, коментираат балканските медиуми. Нови членови на Престедателството се социал демократот  Денис Беќировиќ од бошњачките редови, Жељка Цвијановиќ  од партијата на Додик, додека Жељко Комшик  хрватскиот кандидат се избори за уште еден,  четврт мандат.    

Бекировик кој го прегази Накир Изетбеговик, начално се залага за граганската опција, но блиску е врзан со исламската заедница во земјата. За Цвијановик, Додик и самиот вели, дека приоритет ке и биде прорукста политика, а хрватот Комшикја доби победата на контото на бошњачките гласови неаздоволни од своите кандидати.

И граганите не се оптимисти дека по изборите нешто ке се промени во БИХ,  земја со  највисок степен на корупција во Европа.

Изборите кои  и инаку беа проблематични и со неправилности продолжија во тој тренд и во  процесот на пребројувањето на гласовите.

Победа за претседател на Репблика Српска прогласија и Милорад Додик и неговата ривалка Јелена Тривик, сепак според официјалните резултати на изборната комиисија  Додик води со околу 30 000 гласови пред опозиционерката. Тривик пак го обвини Додик за изборна кражба и порача дека до крај ке се бори за да ја исправи таа неправда. Најголем губитник на овие избори  сепак е  кандидатот и лидер на водечката СДА на Бошњаците  Бакир Изетбеговик кој доживеа дебаклпред се поради непопуларните чистки во својата партија Изборниот ситем во БИХ е  исклучително комплициран, а врвно тело е ротирачкото  заедничкото пресетдателство , иако секој ентитет има своја власт.

Оваа година 127 политчки субјекти се бореа на изборите, а на кандиатските листи имапе на д 7 000 имиња.