Додик во иднина ги гледа Србија и Република Српска во една држава
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во интервју за Дојче Веле оцени дека во иднина Србија и српскиот ентитет во Босна и Херцеговина ќе се обединат, додека Косово би било поделено, при што северниот дел би се припоил кон Србија.
Тој сепак признава дека во моментов нема услови за одржување референдум за отцепување на Република Српска од БиХ, па затоа неговото спроведување сега не е на дневен ред на властите во Бања Лука,
- Ние не сме авантуристи како што не прикажуваат многумина. Не сме ниту затапени националисти. Сфаќам дека за остварување на такви елементи (како референдум) мора да се создаде политичка рамка и политички амбиент, да се формира доволен квантум и пракса во опкружувањето и во Европа. Секако тоа треба да биде барем делумно прифатлива работа, нагласи Додик во интервјуто.
На оценката дека обидите на Република Српска за отцепување од БиХ би предизвикале војна, Додик истакнува дека српскиот ентитет има бројно моќна и мотивирана полиција, која е подготвена да одговори со сила.
- Секоја интервенција од Сараево во Република Српска дефинитивно ќе ја зајакне таа приказна (за независност). Ова не е Шпанија, заклучи Додик во интервјуто.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро