Дојче веле: Фронтекс доаѓа на Западен Балкан

Србија се согласила да обезбеди пристап на граничарите од Фронтекс, објави Дојче веле на српски јазик, повикувајќи се на извори од Брисел. Планот е дел од стратегијата на ЕУ за зајакнување на контролата на границите и зголемување на бројот на депортации.
Согласно тоа, Германија во Фронтекс би париципирала со 1.300 полицајци, кои на меѓудржавните граници во Европа би требало да помогнат при патролите и контролите на документи.
Фронтекс ќе дејствува и на територијата на трети држави, што би значело и на Западен Балкан, кој е дел од балканската рута. Европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос тврди дека соодветни договори веќе се постигнати со Србија, Македонија и Албанија, наведува Дојче веле.
Во текот на јули, еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан потврди дека се преговара за пристап на Фронтекс на територијата на Србија и Македонија. Сега тоа е веќе договорено, наведува ДВ.
Иако Аврамопулос конкретно не ја спомна Црна Гора, подгорички „Вијести“ во јуни објавија дека црногорската Влада подготвила нацрт-договор, согласно кој припадниците на Фронтекс би можеле да дојдат во помош во случај на прилив на мигранти, а за возврат во Црна Гора не би можеле да бидат кривично гонети. Досега, припадници на Фронтекс беа на границата меѓу Грција и Македонија, и на границата меѓу Хрватска и Србија.
Согласно новиот план, единиците на Фронтекс би располагале со околу две милијарди евра, како и со авиони, бродови и оружје. ДВ наведува дека во пракса тоа би значело дека некоја членка на ЕУ кога очекува пристигнување голем број бегалци, ќе побара помош од Фронтекс, кој потоа би ја презел целосната процедура за одлуката за азил, при што конечната одлука ќе остане во надлежност на суверените држави.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
