Македонија
24. November 2026 - 12:22
Докторите бараат обезбедување
Откако татко и син претепаа доктор и медицинска сестра од Итната медицинска помош пред поликлиниката Јане Сандански во Скопје, од Здружението на лекари и специјализанти побараа законско решение со кое физичкото обезбедување ќе биде задолжително во сите здравствени установи во земјава.
Министерот за здравство, пак, вели дека Македонија не е полициска држава и дека не може секоја екипа на Брзата помош да има обезбедување, но дека тоа може да се обезбеди на работните места каде што има зголемен ризик од инциденти. Како пример го посочи периодот кога раководел со Фондот за здравство, кога своето обезбедување го пренасочил кај Комисијата за боледувања, која често се соочувала со незадоволни пациенти.
-->
-->
