Џет-Сет
25. September 2015 - 11:32

Документарец: Како Кит Ричардс 10 пати ја избегнал смртта

Онлајн стриминг каналот Нетфликс ексклузивно прикажа нов документарец за легендата на рок енд ролот Кит Ричардс.
 
Гледачите можеа да го видат гитаристот на Ролигнстоунс како пред камерата на режисерот и Оскаровецот Морган Невил зборува за својата долга и бурна кариера, но и за своите зависности.
 
Насловен „Keith Richards: Under the influence ‟ и прикажан истиот ден кога е објавен најновиот соло прокет на Ричардс, албумот „Crosseyed heart‟, филмот сведочи за животот на 71 годишниот музичар за кој кружи мит дека е бесмртен, бидејќи успеал да одолее на многу несреќи, вклучувајќи ја и тешката зависност од дроги и алкохол.
 
Постои стара британска шега која вели дека само бубашвабите и Кит Ричардс можат да преживеат нуклеарен напад, што не е далеку од вистината со оглед на тоа дека славниот гитарист 10 пати дневно и гледал на смртта во очи.
 
Првпат ја измамил смртта во текот на Втората светска војна. Роден на 18 декември во 1943 година, Ричард и неговата мајка по една година го напуштиле Лондон пред нападите на Луфтвафе. По враќањето во градот, констатирале дека нивната куќа била уништена од бомбардирањето на германската војска.
 
„Хитлер фрлил една од своите бомби на моето креветче! Ја сакал мојата кожа!‟, рече Ричардс коментирајќи ја таа епизода од својот живот.
 
Во 1965, за малку не настрадал на сцената: во текот на изведувањето на песната „The Last Time‟, на концертот во Сакраменто, Ричардс се обидел да го помести микрофонот со вратот од гитарата, предизвикувајќи струен удар од кој се онесвестил. Тоа што денес е жив може да се заблагодари на дебелината на гумениот ѓон на своите тогашни нови чизми.
 
Четири години подоцна, во тек на настап на еден концерт во Калифорнија, пред 300.000 луѓе. Ролингстонси доживеале вистински кошмар, 18 годишниот црнец Мередит Хантер бил претепан со шипки и избоден со нож, а потоа настанал хаос во публиката.
 
Стоунси биле евакуирани со хеликоптер, а за трагедијата, во која загинале уште три лица дознале дури подоцна.
 
Во почетокот на 70-тите, Кит Ричардс и неговата фантастична партнерка Анита Пеленберг за влакно избегнале смрт.
 
Двојката се наоѓала во изнајмена куќа на Азурниот брег, каде бил сниман култниот албум на Стоунси „Exil on Main Street‟. Во тоа време бил тежок зависник од хероин и тој со запалена цигара заспал на креветот.
 
Тој и Анита ненадејно се разбудиле кога душекот бил веќе во пламен. За среќа, поминале со помали изгореници.
 
Тоа не бил единствен пат кога си играл со оган. Во 1973 година, повторно заспал со запалена цигара. Овој пат изгорела цела куќа во Редландс, во Калифорнија. Меѓутоа, Ричардс во својата автобиографија „Life‟ негира дека до пожар дошло поради негова негрижа, тврдејќи дека огнот избувнал од краток спој кога глушец прегризал еден кабел.
 
Ричардс не криел дека бил зависник, но тврди дека никогаш  немал проблеми со дрогата, освен во еден случај во Швајцарија, каде некој во дрогата му ставил стрихнин.
 
„Бев во кома, но свесен за се. Можев да ги почувствувам луѓето како ме нишаат, викајќи - Мртов е! Мртов е!. Еден глас во мене сепак ми зборуваше дека не сум мртов‟, рекол во една прилика за магазинот NME.
 
Еден од најголемите митови во рокенролот датира од 1973 година.
 
Во тоа време се ширеле гласини, кои по сопствено признание, Ричардс сам ги проширил, дека крвта толку му е затруена и дека мора да ја замени со нова.
 
Меѓутоа, постојат докази дека таа година во Швајцарија бил подвргнат на хемодијализа, телото да му се исчисти од токсични супстанции и да се олесни работата на бубрезите.
 
Човек може да преживее во секаква опасна ситуација, а да настрада од најглупав можен начин, а тоа за малку ќе му се случело на Ричардс.
 
Бил во својата библиотека кога паднал од столица на која се качил да дофати некоја книга. При падот скршил три ребра и морал да ја откаже турнејата на Стоунси.
 
Повторно паднал во 2006 година, но овој пат од палма, во тек на одмор на островите Фиџи. Поради фрактура на черепот морал итно да биде опериран и уште еднаш да одложи турнеја на Стоунси.
 
Исто така, стрихнинот не е единствена супстанција која допрела во неговиот организам.
 
Во својата автобиографија тој пишува: „Ја чував пепелта од својот татко во текот на 60-тите години. Немав сили да го пуштам да го разнесе ветерот. Одлучив да засадам даб околу кој би ја посипал пепелта. Кога ја отворив урната, масата беше прекриена со тенок слој на пепел кој го избришав со прст и го вшмркав. Пепел на пепел, од татко на син‟.
 
Пепелта на татко му секако не можела да го убие, но на симболичен начин Ричардс така уште еднаш ја помирисал смртта.