Долги редици за вакцинирање во Бугарија
Во двата најголеми бугарски града Софија и Пловдив, почетокот на масовната вакцинација против Ковид-19 започна со огромни редици. Голем број луѓе чекаат да се вакцинираат против коронавирус во болницата Пирогов во Софија.
Долги редици се формираа пред болницата за итни случаи во Софија. Вакцинацијата на лица од четвртата фаза започна во една од просториите на здравствената установа, каде се користи вакцината на АстраЗенека.
– Во овој момент луѓето не можат да избираат. Ова е вакцината, таа не е полоша од останатите. Вративме некои пациенти кои не беа погодни за вакцинација. Пациенти со треска, дами со силикони и ботокс, објасни началничката на Медицинскиот центар „Пирогов“, Силвија Чолакова.
Во меѓувреме, здравствените служби известија за одлив на баратели за вакцинација во втората и третата фаза од кампањата, поради што побрзо почна четвртата фаза.
Според Агенцијата за лекови, значително повеќе вакцини пристигнаа во Бугарија во последните неколку дена. Наспроти тоа, мал процент од луѓето во втората и третата фаза изразија желба за имунизација.
Во првиот ден од масовната вакцинација во Пловдив, имунизирани се 1.300 лица, соопштија локалните здравствени власти. Тие планираа вчера да бидат вакцинирани 1.000 луѓе, но тој број беше надминат поради големиот интерес на оние кои сакаат да примат вакцина.
Докторите во Пловдив очекуваат приливот да продолжи, бидејќи претстои вакцинација на членовите на одделните комисии за парламентарните избори во Бугарија.
Ново на Сител
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
-

Мицкоски: Високата поддршка во анкетите е резултат на работата и реформите
-

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик
-

Скопјанец обљубил малолетничка и го снимал сексуалниот чин, па се обидел повторно
-

Приведен 15-годишник од Велес, украл возило и со него удрил во бетонски ѕид
-

Нов состав на Универзитетскиот сенат на УКИМ, за претседател со една година мандат е избран проф. Владо Бучковски
