Loading Video...
Свет
3. October 2022 - 19:55

Долниот дом на рускиот парламент ја одобри анексијата на четирите украински региони

Во Украина продолжуваат борбите а во Русија постапката за анексија на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.  Долниот дом на парламентот ги  усвои законите  за прием на украинските региони во Руската Федерација а  утре ке се најдат и пред пратнеиците од горниот дом. Портпаролот на Кремљ, изјави дека Доњецк и Луганск се дел од Русија во границите од 2014 година, а  гранциите на Херсон и Запорожје сеуште не се одредени. А  Зеленски се пофали дека  украинската војска постигнала  напредок во  Херсонскиот регион, освојувајки неколку населени места. Напредуваме и во Доњецк вели  украинскиот претседател.  Во меѓувреме НАТО ги предупреди своите членки дека Русија наскоро  може  да го тестира  подводнеиот нуклеарен дрон Посејдон, од воените аналитичари нарекувано оружје на Апокалипсата. Дронот, според алаијсната би можел да биде испукан од нуклераната подморница  Белгород.  

Руската компанија Гаспором соопшти дека притисикот во   гасоводите Северен Тек е стабилизран и дека престанало  истекувањето гас од оштетените места на цевководите. Вкупно 4 истекувања беа откриени на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото море во близина на Данска и Шведска мината недела.  Засега нема докази кој стои зад саботажата, туку само меѓусебени обвинувања   на релација Москва-Запад.

Добитник на Нобеловата награда за медицина годинава е шведскиот палеогенитачар  Сванте Пабо, за откритија во областа на човечката еволуција.  Пабо  ја постигна  навидум невозможната задача да го пробие генетскиот код на еден од нашите исчезнати роднини – неандерталците и открил дека се вкрсувал со хомосапиенс  соопшти Нобеловиот комитет. Октривањето на генетските разлики што го разликува Хомосапиенсот од изумрените хомини дава основа за истражување на она што не прави уникатни велат од Комитетот.